Разговори во рамки на коалицијата, широка и јавна дебата со експерти и академици, испраќање на Венецијанска комисија – предлог закон за правична застапеност се уште не е пристигнат до Владата но ова ќе бидат чекорите откако ќе се подготви нацрт верзијта. Портпаролката Марија Митева го повтори ставит во однос на сега веќе укинатиот балансерт дека ја заврши својата употребна вредност и дека треба да се создаваат нови попродуктивни решенија.
Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ј заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност, рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.
Вицепремиерот Меџити, чија коалиција најави дека ќе поднесе предлог закон за правична застапеност не открива што ќе содржи законското решение но вели дека е добро првата верзија да се испрати до Венецијанската комисија, што ќе помогне да се донесе закон кој нема да биде двосмислен или ќе се коси со Уставот туку ќе биде долгорочно решение.

Што ќе содржи не можеме да кажеме, но можам да кажам дека ќе има јавна дебата. Ќе се вклучат академци од сите универзитети, стручни, професионалци, сѐ во функција да се најде најдоброто решение, кое ќе биде долгорочно решение и кое не може утре-задутре да се оспори од некого. Мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но воедно са не дојдеме во судир со Уставот и пак да ни се случи ова ситуација, рече министерот Меџити.
Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски укинувањето на балансерот е правилна одлука бидејќи до тој степен се злоупотребувала оваа алатка што на некои позиции се вработувало по етнички клуч иако лицата немале познавање од македонскиот јазик.
Факт е дека има институции во кои се вработени луѓе со албанска етничка припадност а не го владеат добро македонскиот јазик, тие од помладата генерација. Вработувањата треба да се базираат на квалитет. Не смее да се дозволи тие да бидат по партиски клуч, уште помалку по етнички или верски, рече Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ, градоначалник на Куманово.
Консолидиран став на владината коалиција е дека балансерот е веќе истрошена алатка која потекнуваше од Рамковниот договор, и во последните години премногу се злоупотребувше. За да се реформираме согласно европските стандарди, мора да се работи на подобрување на администрацијата а унапредувањата да бидат исклучиво врз база на квалитет, знаење и експертиза.
