Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Балкан

Во Бугарија се урна воен авион за обука на пилоти, загинаа двајца пилоти

Двајца пилоти-офицери загинаа во падот на авион со две седишта во воздухопловната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца пилоти-офицери загинаа во падот на авион со две седишта во воздухопловната база Граф Игнатијево во централна Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Димитар Главчев.

Бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов изјави дека офицерите кои загинале биле инструктори кои обучуваат пилоти, пренесува бугарската новинска агенција Новините.

„Починаа мајорот Петко Димитров и втор поручник Венцислав Атанасов. Едниот е роден 1973 година, а другиот 1996 година. Полетале во 12 часот и 17 минути, а несреќата се случила во 12 часот и 30 минути“, изјави тој.

Реклама

Како што наведе Запријанов, авионот бил реновиран и полетал во технички исправна состојба.

Командантот Димитар Петров рече дека станува збор за долго планиран рутински тренажен лет и дека слична задача досега многупати била изведувана.

Поради падот на авионот, откажан е аеро-состанокот во Третата воздухопловна база, кој беше планиран за сабота по повод 20-годишнината од приемот на Бугарија во НАТО, соопшти ресорното министерство, додавајќи дека истрагата за несреќата е во тек, пренесува Ројтерс.

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна при изведување комплексен маневар на екстремно мала височина, пренесе бугарската агенција Новините.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска учествуваше како копилот во демонстративен лет на борбениот авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Генералот Николај Русев од бугарското воено воздухопловство изјави дека авионот што се урнал не бил од воздухопловната база.