Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Вртоглав раст на цените на становите во Штип – квадратот надмина 1.200 евра

Интересот на турските студенти да купуваат станови, ги зголеми цените по метар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интересот на турските студенти да купуваат станови, ги зголеми цените по метар квадратен во Штип. Во зависност од локацијата може да надминат и над 1200евра. Според штипскиот проценител Глигор Ивановски, 10% од продажбата на станови во Штип, е направена од странски државјани. Претежно купуваат мали станови, во новизградени станбени единици.

  „Имам вршено проценки на такви станови што ги купуваат странски државјани, пред се од Турција. Тоа се малку, но според мене 10% од продажбата на станови ја купуват странски државјани. Не купуваат големи станови, туку мали. И токму тие ја зголемуваат побарувачката„ вели Глигор Ивановски, проценител од Штип.

За проценителите, 1200 евра од метар квадратен е нерелно. Ова е резултат на монополската положба што ја имат инвеститорите, но и од големата заинтересираност за купување.  Според Ивановски , порастот на цената на недвижности треба да го следи порастот на инфлацијата, што во случајот не е така..

Реклама

„Ние со нашите проценки што се реални и се базирани на издржана методологија за процена  за пазарна вредност на недвижен имот, не можеме да дојдеме од 850 до 950евра од метар квадратен, а уште од стартот гледаме дека некој продава стан за 1200евра од квадрат. Тоа е таа нелогичност и е резултат на монополската положба на инвеститорите, како и зголемената побарувачка на становите“ изјави Глигор Стојанов, проценител од Штип.

Според информациите на штипското Даночно одделение  во 2022 и 2023 продадени се повеќе од 650станови, што би значело дека во изминатите две години во Штип, секој ден  се купувал по еден стан. Нивната вредност сес проценува од 20 до 30 милиони евра.

Александра Ристевска