Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Македонија

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „МојТермин“, побарав службите да подготват јавен повик за две години

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој рече дека неблагодарно е да коментира пропусти на претходни министри во одреден подолг временски период.

– Запознаен сум со извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Очекувана постапка дека сите нацрт извештаи се доставуваат до надлежните институции. Многу ја ценам работата на ДЗР. Не можам да кажам дека во извештајот има грешка или неточност. Тој е даден, сме го потврдиле, состојбата е таква. Зошто е таква може други луѓе да прашате. Кога го имавме нацртот доставен до нас побарав да направиме акциски план. Промовиравме нацрт стратегија за дигитализација во здравството и планираме масивни интервенции во делот на дигитализацијата и натамошно зголемување на продуктивноста на здравствениот систем и зголемување на задоволството на пациентите без доказ во тоа подрачје не може да има. „МојТермин“ е централен дел на тоа прашање. Во извештајот пишува дека во Управата за електронско здравство, пополнети се само 29 отсто од предвидениот број на вработени со систематизацијата, посочи Клековски одговарајќи на новинарско прашање.

Реклама

Во денеска објавениот извештај на ДЗР од извршената ревизија на информациски системи на тема „Мој Термин – оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствената заштита” се наведува дека од 1 јануари 2021 година до 30 април годинава, системот „Мој Термин“ не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, што претставува 37,9 отсто од анализираниот период, договорите за одржување се склучувале на годишно ниво, без обезбедување на континуитет, 48 отсто од вкупните вложувања кај ЈЗУ кои користат други информациски системи се концентрирани кај три софтверски компании, што упатува на зголемен ризик од концентрација и ограничена конкуренција, а посебни слабости се утврдени во областа на ИТ безбедноста и заштитата на личните податоци.