Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Економија

Потпишан Меморандум за соработка за поголемо учество на младите во локалната заедница

Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија беше потпишан денеска во Скопје, со цел создавање повеќе можности и посилна поддршка за младите во општините.

Меморандумот го потпишаа скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и претседателката на Национален младински совет на Македонија, Ивона Кузмановска. 

Меморандумот, како што се наведува во соопштението на Град Скопје, предвидува зајакнување на соработката меѓу локалните самоуправи и младите, меѓу другото и преку Мрежата на општински службеници за млади, која ќе придонесе за подобро препознавање и реализација на младинските иницијативи и предлози.

Реклама

-Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на локалните политики. Наша обврска е да создадеме услови нивните идеи да бидат слушнати, поддржани и преточени во конкретни резултати – беше истакнато на потпишувањето.

Како позитивен пример беа посочени активностите во Скопје, каде се преземаат чекори за формирање младински хаб и Локален младински совет, како и создавање дополнителни простори за младински активности и иницијативи.

Со оваа соработка, се додава во соопштението, се очекува дополнително зајакнување на улогата на младите во локалните заедници и создавање услови за нивно активно учество, развој и реализација на потенцијалот во Македонија.