Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

МЕРМС, Геолошкиот завод и УГД со заеднички иницијативи за геотермална енергија, критични минерални суровини и геолошки истражувања

Можностите за заедничко учество во европски истражувачки проекти, како и иницијативи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за заедничко учество во европски истражувачки проекти, како и иницијативи за унапредување на геолошките истражувања и подобро искористување на минералните и геотермалните ресурси во државата, биле разгледани на координатовниот состанок што се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод.

Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, централна тема на состанокот била можноста за заедничко учество на повикот во рамките на Хоризон Европа, насочен кон процена на ресурсите во длабоки седиментни и длабински резервоари. Разгледана била можноста за формирање меѓународен конзорциум и за вклучување странски партнери со искуство во геолошки и геотермални истражувања. 

– Целта е преку заеднички проект да се придонесе кон подобро утврдување на геотермалниот потенцијал на државата, преку анализа на расположливите геолошки, геофизички податоци, лабораториски испитувања, моделирање и, доколку техничките и проектните услови го овозможат тоа, истражувачко бушење и добивање јадро за понатамошни научни испитувања, се вели во соопштението од МЕРМС.

Реклама

Во рамките на разговорите била истакната и потребата од системски пристап кон критичните минерални суровини, имајќи го предвид нивното растечко значење за енергетиката, новите технологии и економскиот развој.

– Во таа насока беше разгледана иницијатива за подготовка на Програма за истражување на критичните минерални суровини, преку која би се дефинирале приоритетите и идните активности за истражување на нивниот потенцијал во државата со вклучување на стручните и научните капацитети на Факултетот за природни и технички науки при УГД, се вели во соопштението. 

На состанокот било отворено и прашањето за Сивец, како препознатлива домашна минерална суровина, при што било предложено да се разгледаат можностите и условите за негова соодветна заштита и препознатливост преку географска ознака.

-Дополнително, беше иницирана подготовка на Каталог на минералните суровини, кој треба систематизирано да ги претстави расположливите информации за минералните суровини и нивниот потенцијал. Идејата е каталогот да придонесе кон подобра достапност и прегледност на геолошките информации, како основа за понатамошни истражувања, планирање и промоција на минералниот потенцијал на државата, велат од Министерството. 

За реализација на активностите била истакната потребата од зајакната соработка меѓу Министерството, Геолошкиот завод, Универзитетот „Гоце Делчев“ и други научни и стручни институции, како и од активно вклучување во европските програми за истражување и развој.

Во однос на повикот од Хоризон Европа, учесниците се согласиле да се работи на подготовка на заеднички проектен концепт и на идентификување соодветни странски партнери. Како потенцијални партнери биле разгледани геолошки и стручни институции од Хрватска, Словенија и Германија. 

Со овие активности, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како што велат оттаму, го насочува фокусот кон систематско истражување на домашниот геолошки потенцијал, развој на геотермалната енергија, подобро познавање на критичните минерални суровини и создавање стручна основа за долгорочно и одржливо управување со минералните ресурси.