Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Три се уште активни пожари во Македонија, оној кај Неготино ставен под контрола

Македонија гори, последниве денови дивеат пламени јазици на неколку локации ширум државата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија гори, последниве денови дивеат пламени јазици на неколку локации ширум државата. Евидентирани се 10 пожари на отворено во изминатото деноноќие, а од нив активни се три. Гори кај Градско и во околината на Ново Село, но најалармантна е состојбата во Неготино. Загрижувачки станува и пожарот кај Огражден, кој е во близина на бугарската граница кој е многу тешко достапен за гаснење.

Според Центарот за управување со кризи, олеснително е што по одлуката на Владата дирекцијата за заштита и спасување потпиша договор со двајца пензионирани пилоти на авионите ер трактор и тие од денеска се вклучуваат во гаснењето на пожарот во неготинскиот крај. Освен хеликоптерите на МВР и АРМ на располагање во гаснењето на пожарите се и три „ертрактори“ во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување,но тие досега беа нефункционални.


Од Центарот за управување со кризи велат дека засега успешно менаџираат со хеликоптерите на полицијата, но сметаат дека високите температури ќе предизвикаат проблеми за потешко справување со огнените стихии.

Реклама

Од штабот за заштита и спасување излегоа со апел до граѓаните од Неготинскиот крај, таму каде што е најопасно Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот.