Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Љутков побарал ревизија за реконструкцијата на Универзална сала

Прво ревизорски извештај па потоа потпис за проектот  Универзална. Новиот министер за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво ревизорски извештај па потоа потпис за проектот  Универзална. Новиот министер за култура Зоран Љутков најави дека ревизорите ќе ја прочешлаат целата постапка за рекострункција на објектот од големо културно значење за главниот град.  Додека трае  проверката,  министерството нема да одобри никакви активности за салата. Од Град Скопје, министерството се уште не добило никакви документи за опожарениот објект , што за Љутков е  многу сомнително.

„Целата постапка во однос на преземањето на Универзална сала на Министерството за култура од Град Скопје е доста проблематична и јас не би сакал да го ставам мојот потпис на ниту една потамошна акција која ќе се случува со салата. Испративме допис до Државниот завод за ревизија, да ја испита целата целата постапка од самиот почеток па досега и ќе донесеме заклучоци после таа ревизија“, рече министерот Зоран Љутков.

Универзална сала изгоре на 9-ти април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Пожарот се случи само две недели откако беше поставена новата купола. Реконструкцијата ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не ја продолжи. Во февруари годинава, реконструкцијата на салата од Градот Скопје ја презема Министерството за култура.

Реклама

Според фирмата изведувач, причините за избивањето на пожарот била стара инсталација, но не ја исклучија можноста и да е човечки фактор.

Екс Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека ќе се продолжи со градбата штом се утврдат причините за пожарот. Но до крајот на нејзиниот мандат такво нешто не се случи.