Реклама
Македонија

Чибишев најави дека нема да има повеќе каубојски вработувања на Токсикологија

Нема веќе „каубојски“ вработувања на Клиниката за Токсикологија. 18-те вработени кои работеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе „каубојски“ вработувања на Клиниката за Токсикологија. 18-те вработени кои работеле “на диво” пола година се отпуштени откако беше разрешена и екс економската директорка Бесија Иљази, открива новиот директор д-р Андон Чибишев.

Единствен кој ќе биде задржан на клинаката е биологот бидејќи е потребен за опстојување на токсиколошката лабораторија. Директорот уверува дека неговиот тим нема да се занимава со реваншизам. И најави дека негов приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема и воведување нови протоколи на лекување.

Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции. Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс – кажа новиот директор на Токсикологија, д-р Андон Чибишев. 

Реклама

Чибишев истакна дека Клиниката ја затекнал во многу лоша состојба. Фалат пари, но најголем проблем е кадровската екипираност. За да се „преживее” летото потребни се барем 15 нови вработувања. Неопходни се лекари, сестри, болничари, и тоа што побрзо вели тој.

Новиот менаџер на клиниката кажа дека наредниов месец финансиска полиција ќе ја чешла документацијата на Клиниката. Тој дал налог да се проверат сите изминати седум години директорување на неговите претходници, а особено да се испитува како се склучувани јавните набавки.