Реклама
Македонија

Наместо ред, донесоа хаос: Економските директори на клиниките заминуваат во историјата

Економските директори во јавното здравство заминуваат во историјата.Причина за новата одлука на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските директори во јавното здравство заминуваат во историјата.Причина за новата одлука на Владата е што наместо овие функционери да донесат ред во клиниките, тие направија хаос изминатите години.Речиси секоја здравствена установа е задолжена, а дел од нив се и без потребните лекови.

Со измените на законот,повеќе од 100 функционери веќе нема бидат на државен трошок.Од сега со клиниките и болниците ќе раководи само еден менаџер, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста во работењето. Со овој потег на Владата, за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година.Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека вторите директори се непродуктивен трошок и уверува дека со оваа реформа – здравствениот систем ќе работи по ефикасно и по транспарентно.

„На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето. Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Реклама

Претходната Влада на СДСМ цели седум години најавуваше дека ќе ги разреши организациските директори, но тоа не го направи.Сите претходни министри за здравство го имаа истото ветување но никој не го исполни.  

Дека организациските директори скапо го „организираат“ здравството докажуваат и бројките.

За нивните плати годишно се трошат повеќе од половина милион евра. Со груба пресметка ако во просек еден организациски менаџер зема плата по 1.500 евра, а такви се околу 100 функционери месечно од државната каса се прелеваат најмалку 150.000 евра.