Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на вториот ден од неговата прва работна посета Брисел ќе има серија средби со претставници на институциите на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е Муцунски во седиштето на Европската комисија да се сретне со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и пристапни преговори (НЕАР), Герт Јан Копман.

Покрај ова, Муцински ќе го посети и Европскиот парламент, каде ќе има средби со претседателот на Комитетот за надворешни работи, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер и со членовите на овој Комитет, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е и негов известувач за земјава, и холандската европратеник Тинeке Стрик, која е и членка на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

Муцунски вчера во седиштето на Алијансата во Брисел се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што изјави дека земјава како членка на НАТО мора да биде одговорна, посебно во период на сложен геополитички контекст на европскиот континент, потврдувајќи ја посветеноста за исполнување на обврската за издвојување на средства до Буџетот за одбраната на ниво од најмалку два процента од националниот БДП.

Муцунски изрази задоволство од средбата со Столтенберг, која ја оцени како позитивна и срдечна и на која ги потврдил заложбите на новата Влада, поврзани со нашето членство во НАТО, како и поддршката на политиката за одбрана и одвраќање и на континуираната поддршка на Украина.

Шефот на дипломатијата додаде дека со Столтенберг разговарале и за претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон на кој ќе се одбележат 75 години од формирањето на Алијансата.

– Планираме активно учество каде што ќе се носат клучни одлуки поврзани со иднината на Алијансата и ние секако ќе бидеме активен чинител во придонесувањето на тие идни политики, додаде Муцунски.

Тој потенцира дека покрај стопроцентната усогласеност на земјава со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, дополнително еднакво значајно е тоа што таа како мала држава го прави како членка на НАТО.

– Заштитата на поредокот на меѓународното јавно право е многу значајна. Тоа што се случува во Украина од таа гледна точка, но и од безбедносна гледна точка не смее да се дозволи кога било да се повтори. Нашите заложби како политички, така и безбедносни, ќе продолжат во насока на поддршка на Украина и ставање на што е возможно побрз крај на тој тажен воен конфликт, додаде Муцунски по средбата со Столтенберг.