Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Конечно човек од фелата ќе раководи со македонската култура- Љутков со големи амбиции влегува во Министерство за култура

Конечно со културата ќе раководи човек од фелата, кој работи и живее…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно со културата ќе раководи човек од фелата, кој работи и живее токму од оваа дејност. Актерот Зоран Љутков од понеделник ќе биде новиот министер за култура. Пред камерата на Алфа вели во текот на минативе години бил секаде, се сретнал со сите културни работници, од сите институции и знае кои се проблемите кои мора да се решаваат. Љутков е на ставот дека го очекува многу работа, за подобрување на условите во кои работат сите во културата, кои во моментов се и повеќе од катастрофални. Ветува драстично подобрување, како што и стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, која сега ќе биде и владина програма. 

-Во претходниве шест години бувкално ја изорав цела Македонија, се сретнав со сите културни работници, и од актерството, и од музиката, ликовната дејност, заштитарите, музеите итн. Сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик, ќе бидеме на иста линија, дека ќе имам голема поддршка од фелата. И ако се вратиме наназад шест години ни еден министер на СДСМ не беше од редовите на културата, изјави Љутков.

Според Љутков културата секогаш била заборавена кога СДСМ била на власт, а условите се подобрувале само кога власта ја имала ВМРО-ДПМНЕ. Вели сите културни работници се на ставот дека мора има коренити реформи во сите сегменти, пред се во начинот на финансирање на институциите, со цел работите во овој сектор да мрднат од мртва точка.

Реклама

-Македонската култура веќе го допре дното и за жал можам да констатирам дека враќање назад од ова нема. Затоа ние во овие неколку години работевме на проекти во кои што ќе треба да ја ресетираме целата култура. Министерството за култура постои пред се постои за да ги сервисира и да ги финансира 100 процентно националните институции, а потоа другите корисници кои што се учесници од јавниот интерес културата, да ги сервисира или субвенционира, изјави Љутков.

Пред Љутков е и ревизија на работата на неговите претходници во култура, низа скандали минативе години се поврзуваа со ова Министерство, како распределбата на средствата предвидени за кутлурата. Каде бевме сведоци дека финансии добиваа блиски до министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, но и последниот скандал со Агенцијата за филм. Таму 39 проекти добиле над 800 илјади евра, а ниту снимиле филмови, ниту пак ги вратиле парите назад кај државата. Љутков вели ќе се чешлаат овие договори, а доколку има криминал, ќе има и одговорност.

-Не само ревизија на програмите, мора да има ревизија на еден од најголемите скандали кои што се случува сега, а тоа Агенцијата за филм. Има сомненија за големи скандали во многу институции во културата. Ќе направиме еден тим кој што ќе ги следи овие процеси и секој мора да поднесе одговорност за ова, изјави Љутков.

Љутков е актер со долгогодишно искуство како во театарот, така и на телевиските екрани. Дипломирал во 2001-ва година на Драмскиот факултет во Скопје, од 2006-та почнува да работи во Драмскиот театар. Љутков беше дел и од серијата Бистра Вода која се емитуваше на Алфа телевизија.

Матеја Петровски