Пред самиот старт на жетвата Земјоделскиот институт, да изготви нова производна цена за пченицата, бараат производителите. Единствено така нема да се повторува праксата од минатите години, кога земјоделците, работеа со загуба , децидни се од Националната мрежа на земјоделци.
„Врз основ на производната цена мора да се договараме со откупувачите. Нема да дозволеме да биде стихиен откуп. Моментално се уште немаме официјало почнато со откуп и жетва, меѓутоа последниците информации од терен говорат дека се движат од 8 до 10денари и не ги одразува производните трошоци и земјоделците работат со загуба„ изјави Ѓорги Каракашев-претседател на Национална мрежа на земјоделци.
Минатата година производството на еден килограм пченица, земјоделците ги чинише 19, а откупуачите им ја земаа за 10денари по килограм. Тоа е причина за ова лето се жнеат и помалку површини. Но, недостатокот од житни култури станува глобален проблем. Деновиве на светските берзи пченицата го достигна својот максимум и се продаваше по цена од над 27денари. Ваквата ситуација, за земјоделците е нова надеж дека конечно нивниот труд, ќе биде вреднуван.

„Сите анализи покажуват дека во светот поради климатските промени и елементарни непогоди имаме дрдастично намалување на жетвата и се очекува оваа година да има голем дефицит на житарици. Побарувањата ќе бидат големи и се очекува да расте и откупната цена„ рече Ѓорги Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.
Годишно во просек македонските земјоделци, произведуваат околу 250.000тони пченица. Овие приноси не се доволни, па за да се покријат основните потреби на населението, пченица увезуваме од странство.
Александра Ристевска
