Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Зелено светло од пратениците за планот на Мицкоски за реорганизација на извршната власт

Реорганизацијата на извршната власт доби зелено светло и го помина првиот собраниски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реорганизацијата на извршната власт доби зелено светло и го помина првиот собраниски филтер. Со 74 гласа „ЗА“ пратениците ја изгласаа потребата од рефморма на владините институции предложени од мандатарот Христијан Мицкоски. Тој ја побара поддршката од сите 120 народни избраници за да се исполни ветувањето дадено кон граѓаните за Влада која ќе испорача реформи и резултати. Со законските измени, Мицкоски предлага трансформацијата на постоечките ресори, укинувањетна агенциите и дел од јавните претпријатија, за да се дојде до ефикасна извршна власт.

  • „Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. За да го направиме ова ни треба добра организација на владата и затоа поднесувам предлог на Законот за измени на законот за организација и работа на органите во државната управа по скратена постапка, рече пратеникот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој даде образложение на измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа кој во Собрание по скратена постапка“.

За да не се губи време, предлог законот оди по скратена постапка. Спикерот Гаши вели дека уставните рокови за формирање Влада се многу кратки и затоа не треба да се одолговлекува

  • „За итноста зборуваше мандатарот. И јасно нѝ е дека се работи за итноста да се формира влада, а ние имаме нов закон кој е реформски. Затоа, мислам дека нѝ е јасно“, рече спикерот Африм Гаши.

Сепак опозициските пратеници се против планот. Немале доволно време да видат што точно тој содржи па затоа денеска гласале против:

Реклама
  • „Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред“ вели Спасовски, пратеник од СДСМ.
  • „Како очекувате сега пратениците да се изјаснат за нешто толку важно кога ние најпрво не можеме да стигнеме да го разгледаме првиот предлог, а сега ниту вториот и немаме појма каде е измената“, кажа пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

Против гласаа и дел од пратениците на Европскиот фронт, кои не ја пропуштија приликата да кажат дека тие биле легитимниот претставник на македонските Албанци. Претходно, на координативна средба, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ ги известил сите колеги за измените кои ги предлага партијата и согласно тоа побара да се исполни ветувањето кон граѓаните.

Законските измени за организација на државната управа по скратена постапка треба да поминат две комисии. За политички систем и законодавно-правната. Расправата на комисиите може да трае најдолго три дена, по што предлог законот треба да се стави на гласање на пленарна собраниска седница. За да биде изгласан, законот треба да добие поддршка од две третини од вкупниот број пратеници во парламентот.