Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Нема решение за хаосот на Клинички со хирушките сали

Притисокот врз двата хирушки центри Св.Наум Охридски и ГОБ “8-ми септември” е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот врз двата хирушки центри Св.Наум Охридски и ГОБ “8-ми септември” е се посилен.Медицинскиот кадар преморен а листата на пациенти кои чекаат операции  километарска. Колапсот со кислородните пумпи на Клинички создаде паника и нервози кај пациентите кои и онака со месеци чекале да се најдат на  листа за операција.

Дневно од 17 до 25 пациенти се оперираат само во стара градска болница. Слична е бројката и во хирушкиот блок во “8-ми септември”.Хирурзите се загрижени, затоа што работата секојдневно им се зголемува, а решение на проблемот од здравствените власти засега нема.

“Oдложени се, не само на одделот за трауматологија, во целата болница се откажани сите елективни пациенти…за да можеме да излеземе во пресрет но побарувањето за итните пациенти кои доаѓаат од зела земја. Секој оддел си има списоци со листи на пациенти кои чекаат, но генерално, колку траело одложувањето толку ќе трае и периодот на надополнување” вели хирургот Небојша Настов, раководител на оддел на трауматологија во градска болница.

Реклама

Министертвото за здравство досега не изнесе конкретен план како ќе се надополнат пропуштените операции изминативе три недели…хирурзите пак уверуваат дека ќе издржат, за да им излезат во пресрет на пациентите.

“Хирургијата е гранка што, за да се работи,и покрај стурчност бара и љубов.Мислам дека може да се издржи онолку колку што е потребно за да се излезе во пресрет на пациентите.” вели др. Настов.

Директорот на болницата Љубен Арсенков неодамна побара дека потребни се дополнителен број на медицински сестри од Клинички,затоа што персоналот е преморен, но орагнизациската директорка вели дека барањето до МЗ било испратено,но сестри на испомош во хирушката болница нема.

Повеќе од дваесет дена хирушките сали на Клинички не работат. На траума и ортопедија од 6 сали функционираат само две со помош на надворешно компресори.