Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Министерството за здравство не дало налог до Заеднички служби за менување на старите кислородни компресори на Клинички

Надлежните знаеле дека под итно мора бидат сменети многу застарените кислородни пумпи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните знаеле дека под итно мора бидат сменети многу застарените кислородни пумпи што доведоа до хаварија на Клинички и целосен колапс, ама до заедничките служби – надлежни за компресорските пумпи – таква насока не стигнала од Министерството за здравство. Ова дополнително го зголемува товарот на одговорност од Министерството, кое до сега се правдаше дека ги чекаат извештаите од германската лаборатрија кои јавноста ги чека веќе една недела.

Најново сега е, дека во моментот се врши втор, вонреден вонреден надзор од друга германска фирма на компресорската станица на Клинички. Иако најавите од надлежните, беа дека денеска со надворешни компресори ќе проработат хирушките сали, тоа не се случи.

Според вработените во заедички служби, одговорни за нефункционирањето на операционите сали се директорите на хирушките клиники.

Реклама

Алфа побара одговри од неколку директори на Хирушките клиники, но никој не ни даде конкретни информации, кога ќе започнат хирурзите, со операции.Само  директорот на Клиниката за Урологија, др. Сашо Дохчев кажа дека се надева, проблемот да биде решен утре.

И додека продолжува голготата на пациентите кои имаат потреба од операција и веќе 17-ти ден трае хаваријата на Клинички. Целиот товар е на габот на двете болници ГОБ„8 СЕПТЕМВРИ“ и хирушката болница „Наум Охридски“.Тие работат со полн капацитет имаат двојно повеќе пацинети од претходно. Директорот на стара градска болница, за Алфа вели дека потребна им е помош со медицински персонал, нај неопходни им се медицинските сестри.

И додека салите на хирургија не функционираат, илјадници хронични операции се одложени и пролонгирани а пациенти најавуваат и тужби.