Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Делото на браќата Кирил и Методиј е стожерот на македонското наследството и фундаментот на кој денес почиваат и европските вредности

По повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј се одржа трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ на која се обрати Ѓоко Ѓорѓевски кој што истакна дека мисијата на браќата Кирил и Методиј е единствена а ние сме горди на нив и нивното творештво.

„Забележани се многу мисии економски, политички, религиозни но чинам дека оваа мисија на браќата Кирил и Методиј е единствена затоа што е просветителска за нас, за целиот словенски род па и за нас македонците. Еден вид на ориентација и инспирација за тоа како треба навистина да изгледа една црковна мисија. Тоа тие што го направиле е во еден процес на инкултурација тоа значи дека се обиделе на еден автентилчен начин да го пренесат божјото слово не обидувајќи се врз никого да влијаат врз нечиј идентитет или јазик туку на автентичен начин да го пренесат создавајќи писмо создавајќи зборови преведувајќи ги свештените списи и народот на кој што им било предавано да можат тоа да го направат како свое и врз основа на тоа потоа да го градат својот идентитет сите словенски народи па така и нашиот“ кажа Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје.

Панов ја истакна важноста на Кирил и Методиј кои се стожери на наследството и постоењето на Македонија.

Реклама

„Јас не би рекол дека не натераа да заборавиме на минатото туку да прифатиме ново минато со што ќе станеме нешто друго од тоа што сме и тука ја гледам клучната поента и на мисијата на Кирил и Методиј. Кирил ги засрамил тогашните политички и црковни елити обезбедувајќи рамноправност на словенскиот јазик со што тој издејствувал во Рим да се изведе словенската богослужба во пет цркви, нешто што е чин на признавање не само на  словенскиот јазик туку и  правата на сите словенски народи. Човековите права што се денес фундаментот на кој што почиваат европските вредности. Токму тука е таа порака која што ние како држава Македонија и како македонски народ сме заслужни за одржувањето на мемеоријата и наследството на Кирил и Методиј особено преку култот на Климент Охридски кој што непосредно и директно ги проширил и ги зачувал оригиналните изворни традиции на Кирил и Методиј па преку Охридската Архиепископија и потоа стануваат стожери на тоа наследство и тука е суштината на нашата држава и зачувувањето на европските вредности.“ кажа Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.