Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Православните верници го слават Велигден – Христос Воскресна, Навистина Воскресна!

Биењето на камбаните ја донесоа радосната вест за Христовото Воскресение. Праволавните христијани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Биењето на камбаните ја донесоа радосната вест за Христовото Воскресение. Праволавните христијани ги преполнија храмовите илјадници граѓани се радуваа на Христовата победа над смртта. Иста слика беше и изутринава каде верниците се собраа во црковните храмови да запалат свеќа за здравје и мир. Најмасовно по традиција беше во Соборниот храм во Скопје, каде беше испратена порака на поглаварот на Македонската православна црква ГГ Стефан.Тој порачува да ги зацврстиме единството и слогата, и да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби.

“Тoj, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!?” вели отец Сашо.

По 48 дневниот велигденски пост,денеска верниците ќе седнат на мрсна трпеза. Мир, среќа и здравје за себе и најблиските посакуваат граѓаните за големиот христијански празник.

Реклама

Најголемиот христијански празник Велигден е денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Христовото Воскресение е ветување за вечен живот, најголемиот настан во историјата на црквата врз кој се потпира верата на православниот свет. Велигден се слави три дена.  Со зборовите Христос Воскресе, Навистина Воскресе верниците си честитаат се до празникот Св. Спас.

Ања Лукарова