Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Медицинарите на протест – бараат повисоки плати и подобри услови за работа

„Здравството на протест за плата“ со овој слоган медицинските работници го кренаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Здравството на протест за плата“ со овој слоган медицинските работници го кренаа гласот и излегоа на протест. Велат дека со тапкање по рамо, и со благодарам, не се поминува месецот.Тие бараат повиоски плати, и подобри услови за работа. Меѓудругото, алармираат власта да го реши хаосот на паркингот на комплексот клиники, но и да се реализира планот за спојување на Клиничкиот центар.

Платите не стигнуваат до никаде.Ако на некој не му стигнува 4000 евра за еден месец замислете колку се 40.000 денари за цело семејство за еден месец.Ние кажуваме Клинички центар и здравството во Македонија да биде на прво место.Одливот на кадар е огормен, и нормално е да има со тие минимални плати” – вели сестра Даница Стојкова од Клиниката за гинекологија.

Синдикатите најмногу се револтирани поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор што требаше да се случи пред распишување на изборите и околу 20.000 здравствени работници останаа без повисоки плати и покрај растот на минималната плата.Според нив, ниските примања се причина за одливот на медицински кадар.Имаме максимален одлив на сите профили. Крајно време е сите политички партии да си го стават прстот на чело“,

Реклама
порача претседателот на Синдикатот на Клинички центар.

Од самостојниот сидникат за здравство, ги повикуваат политичарите во програмите фокус да им биде јавното здравство зошто ќе нема кој да ги лекува луѓето.„Целта на овој протест е да испратиме две пораки: да го искажеме нашето незадоволство за она што не се случи, а не се случи потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да се применет со оваа мартовска плата. Втората, многу посилна порака е до политичките партии кои претендираат да ја освојат власта, да сфатат дека одма по формирањето на новата влада треба да се пристапи кон потпишување на овој анекс на колективниот договор“, изјави Љубиша Каранфиловски, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство.

Лекарите на протестот бараа да се трансформира работниот однос на вработените со договор на дело, а бараа да се реши и проблемот со специјализантите.

Пораки за зголемување на платите и подобри услови за работа беа упатени од секаде. Здравствените работници протестираа речиси низ цела држава.