Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Црната кампања на власта нема да ја поремети ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски продолжува со позитивен пристап да нуди решенија

Црната кампања на власта нема да го смени позитивното делување на ВМРО…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црната кампања на власта нема да го смени позитивното делување на ВМРО ДПМНЕ на престојните двојни избори уверува лидерот на партијата Христијан  Тој ветува повеќе пари за граѓаните, обезбедувајќи најмалку 250 милиони евра годишно за општините. Мицкоски најави дека во фокусот на програмата на ВМРО ДПМНЕ, приоритет ќе бидат капиталните инвестиции.

„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните” кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Меѓудругото, Мицкоски го искритикува претседателот на регулаторна за воведувањето на тн мрежарина со која сметките за струја на граѓаните секој месец се повисоки за 200 денари односно 236 со пресметан ДДВ.

Реклама

„Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе бие укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните”, изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека за време на изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочени кон нудење решенија и политики наменети за решавање на  проблемите и потребите на граѓаните. Тој нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на престојните парламентарни и претседателски избори.