Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Тошковски: Во ВМРО-ДПМНЕ нема руско влијание

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гарантира фер и демокртски избори. Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гарантира фер и демокртски избори. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека преку механизмите кои ги има на располагање МВР, тој ќе направи се што е во негова моќ, двојните избори да се спроведат во најдобар ред. Тошковски се сомнева во потегот на власта која на само неколку денови пред тој да застане на чело на МВР, постави нов началник на СВР Тетово, а нему, не му беше дозволено да го смени. Техничкиот министер во МВР, откри дека добил гаранција од тетовскиот началник дека ќе има мирни избори, но превентивно, најави засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар за време на двојните избори.

“Моите механизми се, во рамки на одредбите од законот кои се насочени кон овозможување на соодветни предуслови, да сториме се што можеме за да имаме фер и демократски избори. Максимално да го засилиме тој дел таму со полициски службеници, да побараме поддршка од нашите меѓународни партнери, ОБСЕ ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт, тој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна” – вели министерот Тошковски.

Тошковски категорично ги одби обвинувањата за руско влијание во неговата партија. Константните обвинувања од СДСМ и ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ е против Европа тој ги нарече „несериозни“.

Реклама

“Сега ќе говорам во однос на ВМРО ДПМНЕ, тотално е несериозно и е крајно политиканство како и политичка злоупотреба ВМРО ДПМНЕ да биде обвинувана во оваа насока. Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија која прецизно и јасно има дефинирано во својот статут каде се гледа себе си и каде ја гледа државата а тоа е се разбира како дел од европското семејство и дел од НАТО и никако поинаку” изјави Тошковски.

Политичките подметнувања за некакво руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ, Тошковски ги оценува како предизборен бид за манипулација на граѓаните, со оглед на рејтингот кој што го имаат сe уште владеачките партии СДСМ и ДУИ.