Реклама
Македонија

До смрт избоден со нож матичен лекар во Скопје

Брутално убиство во Скопје. До смрт со нож е избоден матичниот лекар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брутално убиство во Скопје. До смрт со нож е избоден матичниот лекар Ацо Трпковски, од поликлиниката „Железара“. 67 годишниот лекар околу 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката .

Од МВР информираат дека тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Била повикана Брза помош и имало обиди за реанимација – но биле безуспешни. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Истражните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Непознати се причините за убиството, а убиецот е во бегство.