Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Македонија е се поблиску до епидемија со морбили

Ќе ни се повтори ли 2019 кога имаше три смртни случаи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ни се повтори ли 2019 кога имаше три смртни случаи од морбили и околу 2000 заразени? Македонија е под закана за нова епидемија од мали сипаници алармираат епидемиолозите.Загрижувачки е нискиот опфат на имунизирани деца со МРП вакцината и тоа според докторите е главната причина на ширење на заразата.

Првото што го очекуваме е морбили. За жал ни се случи пертусис да влезе прв…тоа апсолутно беше неочекувано.За морбилите е очекувано, затоа што тие си имаат и сезонска циркулација на неколку години, и плус МРП вакцинацијата ни е на катастрофално ниво.Ако кај нас имаме 70% имунизација, што не е реална ни таа бројка..во Србија и Црна Гора е уште полоша.Затоа кај нас многу лесно ќе се прелеевели епидемиологот Сашко Олумчев.

Загрижувачка е состојбата и со епидемијата на голема кашлица во земјава.Расте бројот на заразени, епидемилозите предупредуваат – родителите да не се коцкаат  со своите деца и да ги имунизираат според вакциналниот календар.

Реклама

“Не постои тоа волшебно стапче – да си ја ставам вакцината и имам имунитет.Ние со вакцинацијата добиваме имунитет или имуна меморија.Една до две недели му е потребно на организмот да створи доволно антитела кој ќе бидат заштитни” изјави доктор Олумчев.

Дека има сериозни пропусти со имунизацијата со дитепер покажаа и првичните резултати од контролите на ДСЗИ во градинките во Скопје каде скоро 50 проценти од децата се невакцинирани или некомплетно имунизирани.

Едномесечно бебе е најмладиот пациент заболен од голема кашлица.

Новороденчето нема тешка клиничка слика, но мора да биде под лекарски надзор поради возраста. Добило пертусис пред да ја започне вакцинацијата согласно задолжителниот календар каде првата доза на ДиТеПер е предвидена на 2 месеци по раѓањето. Досега во главниот град има повеќе од 230 случаи на пертусис.