Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Надлежните абер немаат да ги завршат санациите со мостот Беласица

И по речиси една година, мостот Беласица не е пуштен целсоно во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по речиси една година, мостот Беласица не е пуштен целсоно во употреба за сообраќај. Една од најфреквентните делници во центарот на Скопје и понатаму делумно останува затворена за движење на возила, а по него може да се вози само по една лента.

„Мостот Беласица освен што  еод витално значење за поврзување на градската сообраќајна мрежа, исто така е клучен инфраструктурен дел под чија конструкција поминува главната топловодна мрежа“.

Што с еслучува со мостот, до каде е санација?  Прашавме во Град Скопје, но како и вообичаено одговор на прашањето не добивме, иако засега голем дел од граѓаните кои секојдневно се соочуваат со сообраќајниот метеж.

Реклама

Во јули минатата година Арсовска тврдеше дека истиот наскоро ќе биде пуштен за сообраќај и дека ќе биде безбеден и дека не станува збор за сериозни оштетувања, но и по една година, работите не се променија, а ознаките дека се извршуваат градежни активности, стојат непоместени. 

Не се знае точно ниту кога ЕСМ ќе ги заврши работите со новиот топловод кој исто така беше оштетен во пожарот, а е значаен за парното. Последното нивно соопштение з ајавноста беше дека тие си ја завршиле работата.

„Нашиот дел од работата, во делот на санацијата е завршена. Чекаме да дозволи град Скопје да го монтираме цевководот. За сообраќајот е одговорна градската администрација“, се вели во дописот од ЕСМ за медиумите.

Инаку мостот беше оштетен во пожар минатата година уште во мај. Прво беше целосно затворен за сообраќај и за пешаци, за па по неколку месеци делумно да биде пуштен. Во јавноста останааа неразјаснети многу дилеми и нејасно е зошто доколку стануваше збор само за „козметичка“ санација, таа незавршува ниту по една година. Дел од експертите  предупредија дека испитувањата на мостот по пожарот не беа детални и доволни.

Љубиша Владимиров