Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

50 отсто од децата во скопските градинки се невакцинирани за дитепер, во внатрешноста се вакцинирани над 95 отсто

Запрепастувачки се бројките на невакцинирани деца во Скопје. Дури 50% од нив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Запрепастувачки се бројките на невакцинирани деца во Скопје. Дури 50% од нив немаат примено вакцина за ДиТеПер.Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат предупредуваат дека ситуацијата е алармантна во главниот град, додека во внатрешноста, имунизацијата со оваа вакцина е над 95 проценти. Директорката на инспекторатот вели дека неодговорноста на родителите нема да се прости.Таа е децидна – нема да има исклучоци од правилото секое дете кое ги нема примено сите дози вакцина против голема кашлица, да не се прима во градинка.

Издадовме решенија во сите градинки во Скопје за забрана за прием на невакцинирани деца со Ди Те Пер вакцината или пак за нецелосно вакцинирани деца со оваа вакцина. Согласно првичните информации од терен, речиси 50 проценти од децата кои посетуваат градинки во Скопје се невакцинирани со Ди Те Пер вакцината или нецелосно вакцинирани што е поразителен факт за ова општество.Oд првичните информации во другите градови имаме покриеност со имунизација со ди-те-пер од скоро 95%. Родителите се одговорни и го почитуваат редовниот календар за имунизација, очигледно проблемот е во Скопјерече директорката на ДЗСИ Рената Младеновска.

Младеновска ја дематираше информацијата дека по вакцинирањето со дитепер децата треба да седат дома 21 ден.

Реклама

„Апсолутно е неточно дека треба да седи дома 21 ден по вакцината. Немаме издадено таква мерка ниту ние, ниту министерот за здравство, ниту Комисијата за заразни болести” – вели Младеновска.

Што се однесува до приватните градинки, од инспекторатот велат дека и тие ќе се контролираат еднакво како и државните.

Во вакциналните пунктови ситуацијата е драматична. На дел од родителите им е загрозена егзистенцијата зашто нередовно ги вакцинирале децата и сега се потребни месеци за да се надополнат дозите.

Родителите во најголем дел ги одобруваат ваквите мерки и велат дека и самите во континуитет инсистираат на почитување на истите. Сепак за некои ваквите мерки се задоцнети, доколку имаме предвид дека Центарот за јавно здравје -Скопје по препорака на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на голема кашлица уште пред месец дена, но се чекаше Министерството за здравство да му наложи писмено на ДСЗИ за ваквите вонредни инспекциски надзори.