Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Најнов извештај на ГРЕКО: Критика за неказнивоста на обвинителите и потеклото на имот на пратениците, судиите

Во Македонија проблем остануваат обвинителите, чии казни за нестручно и несовесно работење,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија проблем остануваат обвинителите, чии казни за нестручно и несовесно работење, не само што се ретки туку како законски да се стеснуваат, ова стои во најновиот извештај на ГРЕКО (Групата држави против корупцијата во Советот на Европа) за Македонија, за спречувањето корупција кај пратеници, судии и обвинители.

Понатаму, нотирано е како забелешка членството на министерот за правда во Судскиот совет. Иако министерот е член по функција и нема право на глас, ГРЕКО бара тој да се тргне целосно од Советот. Според ГРЕКО, ова значи дека сè уште му се дава простор министерот за правда политички да влијае во изборот и во разрешувањето на судии.

Нотира дека не само што санкциите и дисциплинските мерки за несовесните судии од 2019 година наваму се пропишани во јасен и прецизен закон, туку и дека Антикорупциската комисија (ДКСК) според она што скромно ѝ го дозволуваат законите, ги истражува судиите во однос на имотната состојба. Сепак, останува забелешката дека кај сите три категории ДКСК има ограничени можности да копа подлабоко во нивната имотна состојба.

Реклама

ГРЕКО оценува дека четиринаесет од деветнаесет препораки се имплементирани во задоволителна мера или по нив е постапено на задоволителен начин, четири препораки се делумно имплементирани, а една препорака (таа за министерот за правда во Судскиот совет), не е имплементирана.

ГРЕКО препорача да се развијат правила и стандарди за обвинителите во однос на прифаќањето на подароци, гостољубивоста и други предности и да се врши соодветен надзор над примената на овие правила. ГРЕКО оцени дека оваа препорака е делумно имплементирана.

Групата земји против корупцијата не е задоволна од површното испитување на имотната состојба на пратениците, судиите и обвинителите пријавена во анкетните листови, по пријава од свиркачи, самоиницијативно од Антикорупциската комисија или според нејзиниот годишен план за работа. Препорачува да се воспостават соодветни правни, институционални и оперативни мерки кои ќе обезбедат попродлабочено испитување на изјавите за интереси и анкетните листови, поднесени од страна на членовите на Собранието, судиите и обвинителите.