Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски:ВМРО ДПМНЕ подготвува програма за економска преродба

Уште една шарена лага на власта е фабриката за електрични автомобили во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една шарена лага на власта е фабриката за електрични автомобили во Тетово предупредува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој вели дека ветувањата за овој проект пропадна во вода поради неажурното работење на Владата. Мицкоски се сомнева дека некој од власта се “офајдил” со државни пари но ако тоа се докаже – уверува дека ќе има одговорност. 

“Навистина не знам како не е до власта која во август 2022 година ветуваше дека за неколку недели ќе почне производството, а за неколку месеци потоа лаже дека ги групирале парцелите па тоа било пречка за да отпочне, за да повеќе од година дена сведочиме на банкрот на компанијата. Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата група”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски предупреди дека поради нерационалните трошења на Владата, економијата е пред колапс Според него, влегуваме во се потешка фаза, а сите бројки покажувале дека македонското стопанство тоне.

Реклама

„Се сеќавате ветуваа раст на БДП просечен од 5%, 2023-тата година со најнизок раст во регионот завршивме од едвај 0,9%. Иако мислам дека после ревизијата која што ќе ја направи независен државен завод за статистика, а не овој партиски и политизиран завод на ДУИ и СДС, тогаш нема да биде поголема од 0,5 – 0,6%. Значи дури они и инерцијата на економијата успеваат да ја придушат“, заклучи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија подготвува програма за економски препород на Македонија и ги повика сите граѓани масовно да излезат на следните избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат.

Тој ги обелодени имињата на носителите на изборните единици на ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните парламентарни избори.

Мицкоски ќе биде носител во ИЕ1, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мислајловски носител во двојката, пратеникот Ковачки во тројката, во четвртата изборна единица носител ќе партискиот потрпетседател биде Александар Николоски.За 5-ката се уште не кажа име, но одлука ќе донесат во текот на денот. Како и минатите избори во 6-ката носител ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.