Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

81 година од депортацијата на македонските евреи од страна на бугарскиот фашистички окупатор

Осумдесет и една година од холокаустот на Евреите во Македонија Пред точно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдесет и една година од холокаустот на Евреите во Македонија

Пред точно 81 година 7144 Евреи беа насилно собрани од територија на Македонија од страна на бугарскиот окупатор и однесени во концентрациониот логор на смртта „Треблинка“ на територијата на Полска од каде ниту еден не се врати.

По тој повод Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија, денеска одбележаа годишнината од депортацијата.

Реклама

Тие се потсетија на масовните злосторства кои беа извршени врз нивните предци. Бугарскити окупатори неколку дена вршеле обемни подготовки за депортацијата, по што им го конфискувале имотот, а покуќнинината им ја ограбиле.

Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, а на 22 март биле транспортирани во германскиот концентрационен логор „Треблинка“.

Пред присутните се обрати и амбасадорката на Израел, Симона Франкел која истакна дека комеморацијата на депортацијата на еврејската заедница во државава во нацистичките логори има болно значење.

  • Не можеме да го игнорираме фактот дека, доколку постоеше државата Израел, холокаустот можеби немаше да се случи. Од 11 март 1943 година изминаа 81 година, кога еврејските заедници од Скопје, Битола и Штип беа однесени до зградата на Монополот и затворени во провизорни транзитни логори како резултат на добро планирана операција, рече Франкел.

Таа вечер на 11 март 1943 година беа качени на возови од страна на нацистичкиот окупаторски режим и испратени во логорот за истребување „Треблинка“, каде сите беа убиени во гасните комори, посочи Франкел.

Централната комеморативна активност се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски монопол каде цвеќе положија по државна делегација.

Љубиша Владимиров