Иако новогодишната атмосфера одамна помина и веќе дојде март, новогодишните украси сè уште стојат на Плоштадот и на дел од градските улици, а на Градот Скопје не му текнува да ги отстрани, па сега се мета на несовесни граѓани.
Новогодишните куќарки кои градоначалничката ги постави на Плоштадот Македонија сè уште се на истото место иако поминаа повеќе од два месеци од Новата година. Истите се искршени и затрупани со ѓубре, а надлежните немаат абер да ги тргнат.
Надлежните подзаборавија на обврската дека како што ги накитија парковите и другите јавни површини, така треба да си ги соберат новогодишните украси. Скопјани реагираат и прашуваат колку време ѝ е потребно на градоначалничклата да ги тргне новогодишните украси.

Сè уште стојат и украсите на дел од булеварите и дел од улиците во центарот на градот. Се случува да излезе еден камион и да ги откитува, но, работниците брзо потоа си заминуваат, а другиот дел од градот останува недопрен.
Иако се обидовме да добиеме објаснување, зошто досега плоштадот и градските улици се уште не се раскиенти, иако е веќе месец март, од градот Скопје не не удостоија со одговор
Познато е дека градот потроши 30.000 евра за накитување на скопската метропола. Засега не успеавме да добиеме одговор која компанија беше ангажирана за украсувањето и дали истата е задолжена за нејзино целосно раскитување и кога тоа ќе се случи.
Љубиша Владимиров
