Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски:Ова е историски ден за Македонија, очекувам победа на Силјановска Давкова уште во првиот круг

Илјадници граѓани, во редици еден по еден уште од раните утрински часови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илјадници граѓани, во редици еден по еден уште од раните утрински часови нетрпеливо чекаа да го дадат својот потпис во знак на поддршка за кандидатурата за претседател на Гордана Силјановска Давкова. Веќе на пладне, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ имаше собрано двојно повеќе од она што го пропишува законот, а целата постапка продолжи во текот на денот.По конвенцијата на која доби огромна поддршка од партиските делегати, Силјановска-Давкова добива масовна поддршка и од граѓаните. Ваквата слика според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е историска. Христијан Мицкоски кој и самиот стави потпис за кандидатурата на професорката очекува таа убедливо да триумфира уште во првиот круг на претседателските избори.

“Неспоредлива е динамиката за собирање потписи со динамиката кај професорката Силјановска Давкова. Јасна е нивната улога – да се обидат да го ослабат потенцијалот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат друг капацитет, ниту потенцијал. После резултатите во првиот круг од претседателските избори, ќе им биде јасно што може да очекуваат две недели подоцна на парламентарните избори”, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги повика и граѓаните, за како што рече да му се помогне на кандидатот Стево Пендаровски да го исполни ветувањето и да се исели од Македонија.

Реклама

“И добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и онаа изјава која ја кажа пред некое време, доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, да му помогнат да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија тоа е подобро за Македонија а ние да најдеме начин сите оние кои се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома” – изјави Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на останатите кандидати за претседател и рече дека тие се всушност опозиција на опозицијата во првиот круг и дека ќе биде интересно кому ќе му ги дадат гласовите во вториот круг, доколку воопшто го има.