Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Македонија е подготвена за жена претседател, аналитичарите ги поздравуваат ставовите на Силјановска – Давкова

На Македонија и е потребна жена за претседател. Пораките на кандидатката Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребна жена за претседател. Пораките на кандидатката Гордана Силјановска Давкова за национално единство и сплотеност се искрени велат експертите. Професорката е одличен избор за да стои на чело на нашата земја ,вели Синиша Пекески. Тој ја искритикува работата на актуелниот претседател Стево Пендаровски, и повика идиниот претседател на државата да не биде марионета на политичка партија.

Она што вчера кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова го упати на говроницата се одлични пораки во кои верувам дека сериозно ги мисли.Бидејќи и во нејзиното политичко делување досега го практикуваше тоа.Таа ми беше мој професор, и убеден сум дека ќе биде одличен претседател бидејќи Македонија заслужува да добие жена претседател. А и да се тргне она мислење за политичарите што го наметна Пендаровски дека се марионети на одредени полтички партии– вели Синиша Пекески.

Аналитичарите очекуваат Силјановска Давкова убедливо да триумфира уште во првиот круг.

Реклама

Она што би сакал да го видам во изборната кампања е да го видам оној позитивен тек на кампања. И кандидатите да имаат почитување еден кон друг и да имаат почитување кон граѓаните, бидејќи тие политичари не донесоа до ова дереџе.Се надевам ќе имаме женски дуел во вториот круг” – изјави Пекески.

Гордана Силјановска Давкова вчера упати пораки за обединетост, вети нов концепт на Претседател, близок до граѓаните, отпорен на политиката, неуморен во борбата за македонските национални интереси со јасен поглед кон Европската Унија.

“Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите, ве уверувам дека нема да ве засрамам, ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам. Видовме до каде не доведоа поделбите, ја доведоа оваа држава да личи на гладијаторска арена”– изјави вчера Силјановска Давкова.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Ања Лукарова