Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Нема поевтинување на парното за домаќинствата

Нема поевтинување на парното за домаќинствата. И покрај тоа што падна цената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема поевтинување на парното за домаќинствата. И покрај тоа што падна цената на гасот, според Бислимоски нема простор за пониски сметки.  Помалку ќе плаќаат само училиштата, градинките, малите дуќани, компании, јавни институции  и банки.  Ова е според последната одлука на Регулаторната комисија.  

„Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што цената на топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, пред се за деловните корисници, основните училишта, јавните институции, градинките малите дуќанчиња, ја намаливме за 35%. Значи нема толкав простор. Доколку би оделе кај домаќинствата би требало да влеземе во субвенциите. Субвенциите се веќе обезбедени, префрлени се на сметката на ЕСМ, и сите сметки до крајот на грејната сезона ќе ги субвенционира“, рече Бислимоски.

Бислимоски вели дека одлуката ја донеле заради намалените трошоци на природниот гас и дека цената кај потрошувачите е иста затоа што таа е за 75% пониска од онаа на деловните корисници.  

Реклама

Ако се задржат сегашните цени на гасот, на редовното објавување нови ценовници во јули може да се очекува поевтинување и за домаќинствата, вели Бислимоски.

„Ќе ја следиме ситуацијата и вообичаено во текот на јули како што правиме досега ќе донесеме нови одлуки за цената на топлинска енергија на домаќинствата“, рече Бислимоски

Бислимоски објасни дека во изминатите три години само домаќинствата добивале субвенции, додека деловните корисници самите го сноселе товарот од енергетската криза и дека сега е моментот да им се помогне.

Љубиша Владимиров