Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ФЗОМ им ги врза рацете на матичните лекари – хронично болните можат да останат без доволно лекови

ФЗОМ наместо да им ги зголеми им ги намалува финсиските средства на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ФЗОМ наместо да им ги зголеми им ги намалува финсиските средства на матичните лекари за препишување на хронична терапија и антибиотици. Докторите алармираат дека ова е недозволиво и прашуваат како ќе ги лечат пацинетите? Најзагрозени ќе бидат хронично болните, а лекарите со врзани раце не ќе можат да ги услужат за потребните терапии.Со кратењето на парите од Фондот ќе има проблем и за препишување на антибиотска терапија.

“Алармиравме досега многу пати дека со самото симнување на 4-5 лека кои ги баравме за да им олесниме на пацинетите, да не се малтретираат за лосартан, карведилол,фликсотиде итн…за нешто што ние сме стручни да го препишеме.Знаете дека ФЗО и Министерството прифатија да се симнат тие лекови од режим на препишување од режим рс на режим р тоа е на примарно ниво.Ние тогаш аларамиравме кога се симнуваат лекови мора и буџетот да се зголеми” – објаснува Лилија Чолакова Дервишова, матичен доктор.

Од Фoндот за Алфа велат дека во тек се провеките за рационалното препишување на лекови.И допрва ќе утврдуваат дали, колку и зошто им се намалени фиинансиските средства.

Реклама

Лекарите бараат итен состанок во ФЗОМ и потпишување на анекс каде ќе се промени буџетот и ќе важи ретноградно од денот на промените.

Лекарите бараат итен состанок во ФЗО и потпишување на анекс каде ќе се промени буџетот и ќе важи ретноградно од денот на промените.

Да се тргнат буџетите и софтверски да се органичиме на тоа кое што е дозволено.На пример вас како пацинет ако ви следат три лекови, да ви кликнам три…а да неможам 30 да ви кликнам во еден месец.Значи да има строга контрола од страна на ФЗОМ” – вели Дервишова.

И пациентите остро регираат на тоа дека можеби нема да си ја добијат потребната терапија од матичните доктори. Меѓудругото бараат итна промена на позитивната листа.

Ние пацинетите не сме ниту бизнис, ниту политика.Запрете се – ограничувања и измислени изговори, променете ја позитивната листа на лекови!

И казнувајте кај вашите деловни партнеривеледрогерии зошто увезуваат лекови кои овде се прескапи, а на само 30км зад граница во комшии е 60% поефтино”вели Диме Велев, дијабетичар.

Пациентите прашуваат каде заглави новата позитивна листа на лекови? Јавноста досега слушаше само најави и ветувања – а нови лекови на рецепт нема.

Ревидирањето на позитивната листа е приоритет на многу министри за здравство, но никој со години наназад не направил промени. Наспроти ветувањата, реалноста е дека во земјата има лекови кои одамна се надвор од употреба во развиените земји а пациенти наместо едно пијат по неколку апчиња за една дијагноза.