Реклама
Прилози

Македонските студенти со најлош стандард во Европа

Македонските студенти на дното во споредба со колегите во регионот. Додека студентите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските студенти на дното во споредба со колегите во регионот. Додека студентите во студентските домови живеат со мувла во тоалетите,мизерни услови во собите, недоволно средства за студенткси оброк, директорот на студентските домови ветува дека идните академски грашани допрва ќе имале достоиствен живот како оној на нивните европски колеги.

„Со оглед дека најголемиот студентски дом Гоце Делчев е реновиран, а во процедура е и реновирањето на Кузман Јосифовски Питу, и Стив Наумов, јас се надевам дека во догледно време нашите студенти ќе добијат услови како и европските студенти“, рече директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Виктор Велевски.

За разлика од Македонија студентите во регионот имаат далеку поквалитетни услови за учење. Директорката на Студентскиот дом Ужице рече дека српските студенти имаат прва категорија сместување и дека Министерството на Србија издвојува најголем број средства во однос на сите други земји во регионот.

Реклама

Нашите студенти се задоволни, секоја година обезбедуваме оптимални услови за сместување и исхрана, како за школските активности, така и за воншколски активности. Низ разни спортски рекреативни содржини. Од користење на спортски терени, теретани, тоа се оптимални услови кај нас во Србија. Во разговор со колегите можам да заклучам дека поддршката која ние ја даваме е најголема во однос на сите други републики во регионот, така што ние сме задоволни од условите кои ни ги овозможува Министерството на Србија“, рече Љиља Кузмановиќ директорка на студентски дом во Ужице.

Сите соби имаат клими уреди 24 часа греење и топла вода, кога нашиот ресторан е во прашање, студентите имаат студентска менза со 300 места, нудиме доручек, ручек и вечера, сите денови во месецот. Студентите бираат од четири до пет вида на мени. Освен студентите кои се сместени во домот им нудиме и на сите студенти во Мостар да ја користат нашата менза. Значи сите се хранат во нашата менза за само 1,80 евра по оброк по мени за студент. Имаат и фитнес центар, теретана, студентски информативен сајт, студентски сервис, два мултимедијални центри, две големи училници, парк и голема зелена површина за дружење, па затоа имаме најмодерен студентски центар во регионот“, рече Анита Глибиќ од студентскиот дом во Мостар во Босна.

Истражувањата покажуваат дека во Македонија за еден студент од внатрешноста, да студира и живее во Скопје му се потребни повеќе од 70.000 денари за еден семестар.

И тоа доколку престојува во студентски дом и е во државна квота. Оние кои живеат во приватни станови, семстар ги чини над 2000 евра. 100 евра месечно се трошат за книги и материјали. Плус се и административните трошоци и превозот до главниот град.

Покрај тоа што се релативно најскапи, македонските студентски домови се и во многу полоша состојба во однос на другите. За храна и сместување во студентски дом во Скопје, конкретно во „Гоце Делчев“, еден студент плаќа по 3540 денари месечно. Инаку денеска се одржа Третата меѓународна конференција на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.

Љубиша Владимиров