Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Отворен патот за комплетирање на ДИК

Абдуш Демири го помина комисискиот филтер и од понеделник пратениците ќе гласаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Абдуш Демири го помина комисискиот филтер и од понеделник пратениците ќе гласаат за комплетирање на државната изборна комисија. Патот за именување на седмиот член на ДИК се отвори откако кандидатот Зулфи Адили предложен од партијата на Арјанит Хоџа ја повлекол кандидатурата бидејќи си доби директорско место во Агенција за странски инвестиции. Обединетата албанска опозиција чиј предлог е кандидатот Демири побара од собранискиот спикер Митрески што поскоро да закаже пленарна седница.

„Денес е одржа седница на комисијата за избори и именувања и беше изгласан кандидатот Абдуш Демири. Празното место во ДИК, согласно законот им припаѓа на партиите од опозицискиот блок. Доаѓаме до момент кога конечно се почитува законот. Како коалиција, бараме од сите парламентарни партии да го поддржат изборот, и бараме од претседателот на Собрание да закаже седница што поскоро“ – рече пратеничката Сафије Садики.

Додека во Собрание се одлучуваше за комплетирање на ДИК, комисијата веќе ги објави роковниците за изборните дејствија откако вчера претседателот на Собрание ги распиша претседателските и парламентарните избори.

Реклама

Кампањата за претседателски избори започнува на 4 април а завршува на 22 април. За парламентарните избори кампањата започнува на 18 април и трае до 6 мај.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 00:00 часот.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.