Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ништо од модерниот Луна парк за скопјани, се враќаат старите вртелешки и вовчиња

Ни трага ни глас од „најдобриот луна парк на Балканот“ што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ни трага ни глас од „најдобриот луна парк на Балканот“ што го ветуваше градоначалничката Арсовска .Наместо ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картин,  во градскиот парк во Скопје се враќаат старите вртелеки и вовчиња.

Наместо скопјани да се радуваат на нов Луна парк, забавата сепак ќе биде со старите реквизити кој подолг период не функционираа и беа остранети.Нов забавен парк беше еден од главните ветувања на Данела Арсовска, па прашањето е дали со старите реквизити ќе се гради новиот Луна парк во Скопје.

Од Град Скопје не одговараат зошто се монтираат старите елементи, кога се најавуваше нешто сосема модерно. Нема одговор ниту дали дотраените реквизити за забава ќе бидат безбедни, дали ќе имаат нови механизми, дали е проверена нивната исправност.

Реклама

Арсовска во предизборната кампања освен што ветуваше, туку даде и конкретен рок за отворање на современ Луна парк и тоа во првите две години од нејзиниот мандат. Годините поминаа, а луна пакот го нема.

“Спомените од скопскиот Луна парк не смее да останат само спомени. Затоа планираме брзо опремување на централниот Луна парк во Градскиот парк со бројни содржини (ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картинг). Луна паркот ќе го отвориме уште во првата половина на мандатот. Освен за најмладите, овој парк на скопјани ќе им понуди содржини за сите возрасни категории” – се вели во програмата за локалните избори 2021 година на Данела Арсовска.

Ветување за изградба на Луна парк во центарот на Скопје имаше и екс-градоначалникот Петре Шилегов, кој неколку месеци по доаѓањето на функција вети нов луна парк. Но, во април 2020 година Шилегов најави дека наместо за изградба на новиот луна парк, Градот ќе се задолжи 12 милиони евра, за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура. Во март 2021 година тогашната градска власт информираше дека ќе продолжи реализацијата на проектот за нов забавен парк, но сепак изградбата на луна паркот не започна до крајот на неговиот мандат.

Ања Лукарова