Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

Лажна објава или политички игри? Водовод прво најави дека цело Скопје ќе нема вода, па се премисли

Хаос во Водовод – паника кај скопјани. Политиката замешала прсти и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос во Водовод – паника кај скопјани. Политиката замешала прсти и во водата.Неофицијално како што пишуваат медиумите,санацијата на водоводните цефки во Рашче била договорена пред Виктор Панчевски да застане на чело на претпријатието, а за овој зафат знаела градоначалничката Данела Арсовска. Проблемот “пукнал” затоа што Панчевски последен дознал за зафатот и затоа настанала кавга во Водовод, по што побарал да се одложи менувањето на водоводната мрежа.

По драматичната вест дека без вода ќе остане цело Скопје, јавноста остро реагираше, а од јавното претпријатие за само неколку часа ја избришаа објавата, а пред полноќ соопштија дека вода ќе има – со образложение дека профилот им бил хакиран и неовластени лица ја објавиле информацијата.

Но нејасно е, кои се тие “неовластени” луѓе кои имаат пристап до службени мејлови, лозинки и пуштаат дезинформации што предизвикаа хаос во градот каде што живее пола Македонија.

Реклама

Панчевски кој градоначалничката на град Скопје го назначи само пред една недела, не одговори на нашите телефонските повици и пораки да објасни што се случува во претпријатието  и дали првично бил планот навистина цело  Скопје да нема вода, пa пoдоцна се прeмислиле.

Одговор добивме од пи ар службата на Панчевски. Еднa штура информација  во која само се вели  дека се преземаат мерки за сторителите.

“Во однос на вашите прашања,Ве известуваме дека е испратено официјално соопштение од ЈП Водовод и се преземаат мерки за сторителите” – велат од Водовод.

За какви преземени мерки мислат од кабинетот на Панчевски е нејасно,  кога во МВР не стигнала никаква пријава од Водовод.  

Ве известуваме дека во СВР Скопје нема пријава за компјутерски криминал пријавен од страна на ЈП Водовод велат од МВР.

Инаку по најавата дека ќе нема вода цело Скопје граѓаните ги испразнија маркетите со  панично купување на вода.

Ања Лукарова