Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Четири нови случаи на голема кашлица – до родителите се апелира да не ја игнорираат имунизацијата

Расте бројот на заразени од голема кашлица – нови четири случаи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на заразени од голема кашлица – нови четири случаи за само 24 часа. Со тоа бројката на пацинети со пертусис се искачи на 22. Докторите предупредуваат дека состојбата станува алармантна.Освен на Детска клиника, хоспитализирани има и во Козле. На болнички третман се две доенчиња кои засега се во стабилна состојба. Педијатрите стравуваат дека бројките ќе растат поради нискиот опфат со Ди те пер вакцината.И апелираат до родителите, да си ги вакцинираат своите деца. Според педијатарот Андоновски, најизложени  на заразување се новореденчињата.

“Тaa состојба може да биде најопасна кај новороденчињата и малите деца.Заболување кое што е предизвикано од бактерија пертусис и ширум позната дека е бактерија што мислевме дека е искоренета а сега имаме случаи на заболени.Апелирам до сите родители, да ги согледаат сите можни причини за опасност за здравјето на нивната иднина ” – вели др.Ангелчо Андоновски, педијатар.

Според педијатрите, само со поголем опфат на вакцинација може да се намали бројот на заболени од голема кашлица.

Реклама

“Препораките кои ги слушнав од Комисијата си имаат свое место и свои начин на прилагодување, но мораат да бидат точно и правилно специфицирани.Сметам дека Комисијата се што донесе како препораки се уште треба да заседава уште неколку пати за да ја следи ситуацијата. Апелирам да нема паника на наслението, но овој пат здравствената свест и култура треба да да се покрене” – вели доктор Андоновски.

Епидемија на голема кашлица во Скопје и забрана во градинки на невакцинирани со Ди Те Пер. Овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести откако веќе  се појавија нови потврдени случаи на пертусис.

Една од препораките на Комисијата е и организирање на работата во вакцинаните пунктови во две смени и дополнително, во сабота да примаат деца за вакцинација. Се со цел да се зголеми опафотот на имунизација.

Последниот збор за ваквите препораки ќе го има Владата.