Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Нема салмонела во храната во беровската градинка , никој не кажува од каде и како се заразија 11 дечиња

Епидемиолозите не можат да откријат како 11 деца од Берово, кои биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епидемиолозите не можат да откријат како 11 деца од Берово, кои биле згрижени во детската гадинка „23 Август„ се затруле од салмонела. И последните анализи од земаните мостри од меленето месо, јајцата, пудингот и пилешкото се негативни. Од кочанскиот  Центарот за јавно здравје информираат дека со овие резултати не можат да потврдат дека бактеријата се ширела токму од градинката..

„Сите анализи се негативни. Анкетите на заразените деца потврдуваат дека заедничка точка им е градинката. Сега понатаму епидемиолозите од Центарот за јавно здравје си имаат своја постапка кајшто ќе барат други можни извори на зараза. Ние немаме потврдено никаде извор на салмонела„ изјави Гоце Серафимов, директор на Центар за јавно здравје-Кочани.

Претходно, негативни резултати на присутво на салмонела покажаа и анализи од мострите земени од вработените и од површините во градинката. Бактеријата се појави минатата недела, а санитарни инспектори извршија вонреден надзор. Беше донесено и одлука кујната во градинката да биде затворена.

Реклама