Реклама
Македонија

Штрајк во ФЗО, се работат само неопходните предмети

Штрајкот во Фондот за здравство го блокираше здравствениот систем. Рецепти и упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штрајкот во Фондот за здравство го блокираше здравствениот систем. Рецепти и упати има, но виси исплатата на породилното отсуство, боледувања, лекување во државата. Загрозени се и вработените во јавното и приватното здравство зошто ако не се реши проблемот со платите во Фондот, може да останат без плата, а болниците да останат без терапија. Граѓаните наидоа на затворени врати во подрачните служби на фондот и за обична заверка на документи не успеаа да завршат работа.

Револтот кај вработените е огромен алармираат од синдикатот на ФЗОМ, тие тврдат дека штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата.

“Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Сакам да кажам дека лекарските комисии кои ги продолжуваат боледувањата си продолжуваат непречено да работат. Не ни е идејата врз болни лица да тераме правдина“, рече Аџигогов.

Реклама

Од УПОЗ апелираат да не се лаже јавноста дека ако се исплатат повисоки плати нема да има лекови за граѓаните како што порачале од министерството за финансии. Според претседателот Деановски, главен виновник за штрајкот во Фондот е владата.

Вработените во Фондот штрајкуваат, затоа што од 9 јануари, со препорака од Владата, се бара да им бидат намалени платите од 21 процент. Според синдикатот, со одлуката за намалување на платите ќе бидат засегнати повеќе од 830 вработени и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.