Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Од понеделник штрајк на вработените во ФЗО – здравствениот систем пред колапс

Македонскиот здравствен систем пред целосен колапс, поради намерите на власта да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот здравствен систем пред целосен колапс, поради намерите на власта да ги намали платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Тие од понедленик стапуваат во штрајк. Ќе нема исплати на породилните и другите боледувања, ќе нема пари за матичните лекари ниту плати за вработените во јавното здравство. Ќе нема ниту исплати кон аптеките, за лековите кои се на рецепт. Велат, ќе работат само на итни случаи.

  • „Сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите“ – стои во соопштението од Синдикатот при ФЗО.

Од Синдикатот на ФЗОМ велат дека на шалтерите ќе има само по едно лице, кое ќе работни само неодложни задачи, како воведувањето на малолетници во осигурителниот систем, покритија за хоспитализирани пациенти или лекувања во странство. Оттаму предупредија за ова уште во понеделникот, кога во знак на револт излегоа на протест пред просториите на фондот. Порачаа дека ова доаѓа откако владата препорачала намалување на нивните плати оа 21%, што пак засега над 800 вработени, од кои на дел, примањата ќе им паднат под минималната плата.

Од Министерството за финансии не отстапуваат, велат буџетот на Фондот немал пари за плати.

Реклама
  • „Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните“ – стои во соопштението на Министерството за финансии.

Синдикатите и раководството на фондот лани постигнаа договор за покачување на платите во висина од 15% во неколку фази, додека пак одлуката за намалување од 21% се уште не е донесена. Таа во моментов е заглавена кај управниот одбор на фондот, кој е длабоко поделен и без мнозинство.

Никола Цветкоски