Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Нема рецепти, упати, боледувања од ФЗОМ, се ќе застане“ – вработените на штрајк ако им ги намалат платите

Од први февруари нема да има рецепти, упати и исплаќања за породилно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од први февруари нема да има рецепти, упати и исплаќања за породилно и боледувања од Фондот за здравство ако Управиот одбор одлучи да им се намали платата на вработените за 21%. Ако се изгласа оваа одлука од четврток работата на ФЗОМ ќе застане, а вработените ќе стапат во генерален штрајк.

Синдикалната организација на ФЗОМ ги повикаа членовите на УО и директорите на институцијата да не ги доведат граѓаните во ситуација во која нема да можат да остварат ниту едно право од здравствено осигурување. Тоа би значело ако започне штрајкот ниту еден вработен нема да извршува работни задачи по никоја цена.

„831 лице се засегнати од оваа одлука. Ако се намали платата, 25 % од нив паѓаат под минимална плата, а 25 посто на ниво на минимална плата. Доколку стапиме во штрајк се ќе застане. Само едно лице ќе работи, кое ќе прима документи и никој друг нема да работи значи нема исплаќање на ништо, ќе застане се. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи.“ вели Бранко Аџигогов, претседател на Синдикатот на Фондот.

Реклама

Сидикатот упати низа критики до власта, велат дека е неразбирлива препораката за намалување на платите за 21 проценти според нив главен виновик за предлогот бил министерот за финансии.

Праќаме луѓе на лекување имаме доктори, фармацевти имаме инспектори кои зимаат плата од 25 до 27 илјади денари.Тоа е под секое човечко достоинство и да бидам гласен и јасен ова барање е од министерот за финансии.Тој од Владата побара за да се намалат платите во Фонтот и тоа се поддржа.Не знам кај ќе му оди душата на тој човек. Доколку се донесе ваква одлука со намалување жал ми е што ќе кажам, но ќе патат само граѓаните, тие кои се на боледување, нема да се работи воопшто ништо какви притисоци и да имаат и вработените кои се членови на Синдикатот на УПОЗ најави Деановски.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари, од кој износ за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

Инаку,синдикалците на Фондот во јули минатата година, постигна договор за покачување на платите на вработените во висина од 15 проценти во неколку фази. Ова покачување се пролонгираше се до месец декември 2023 година, за вработените во ФЗО да можат да се усогласат со платите со сродните институции. И покрај постигнатиот договор, Владата преку ноќ донела заклучок со која му препорачува на Управниот одбор на ФЗОМ да ги намали платите на вработените.

Ања Лукарова