Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Продолжуваат протестите во Чашка против незаконско отворање паралелка во ОУ „Тодор Јанев“

Затишје пред бура. По турканиците и судирот со полицијата во изминатите два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затишје пред бура. По турканиците и судирот со полицијата во изминатите два дена, денеска во Чашка е мирно. Родителите и жителите од ова мало населено место се повторно на улица. Денеска блокираа на три места – на влезот и на излезот од Чашка, и пред оштинската зграда. Полицијата пак, е распоредна на стратешки места низ општината, а најмногу се пред самата општинска зграда. Состојбата наликува како на буре барут кое му фали само малку да експодира.

Родителите и локалната власт не остапуваат од своите барања – да се вратат ингеренциите врз училиштето ОУ „Тодор Јанев“ во рацете на градоначалникот Горан Стојановски, како единственото решение за проблемите со воведувањето на албанската паралелка. Велат, протестите ќе продолжат се додека не се разреши директорката на школото Елена Николова, и се повлече одлуката за воведување на албанската паралелка. Но и власта не попушта – им предложила паралелката на албански јазик да функционира да крајот на годината, а потоа да се бара друго решение. Ова е неприфатливо за родителите.

Она што дополнително загрижува е што дел од родителите размислуваат децата да си ги префрлат децата во друго училиште. Велат само така ќе спречат нивните најмили да не бидат дел од игрите на власта.

Реклама

И градоначаллникот на општината побара да му се вратат ингеренциите врз училиштето. Тој побара од власта итно да изнајде решение и децата конечно да почнат со настава.

Проблемите во Чашка започнаа уште во септемрви, односно од почетокот на учебната година, кога власта реши преку ноќ, во ова училиште да се воведе посебна албанска паралелка иако Албанци нема. Едвај се собрале петтмина ученици кои би ја посетувале. Родителите цели три месеци протестираат секојдневно против оваа одлука, но и против работењето на директорката на училиштето, која слепо ги слуша наредбите на министерот.