Предизборните огласи за вработување во болниците и клиниките може да го зголемат одливот на медицински кадар од Македонија. Се поголеми се сомнежите дека има доктори и медицински сестри кои работеле со години за мизерни плати под договор на дело а може да бидат изиграни од власта која би вдомила свои партиски кадри.
Оние кои ќе извисат, ќе си заминат од државата, велат од Здружението на медицински сестри. Моментот кој ги загрижува е што огласите можат да се испартизираат и да извиси кадарот кој со години бил ангажиран со договор на дело. Според претседателката на здружението на медицински сестри Гордана Бешлиоска овие огласи се поле на манипулација.
Бешлиовска се пожали и за статусот на медицинските сестри во болниците и прашува дали се предвидени систематизациите за сите луѓе кои ќе добијат трајно вработување во јавното здравство.

Министерот Меџити не кажа конкретно дали до распишување на изборите средината на февруари ќе се реализираат најавените 1.117 вработувања во јавното здравство.
Министерот за здравство мнпгупати призна дека ќе има пропусти во вработувањата, но уверува дека менаџерите ќе го направат вистинскиот избор кој ќе добие трајно вработување.
Вработувањата во здравството се само дел од голмиот предизборен пакет на власта за полнење на администрацијата. Распишани се десетици огласи со стотици работни мест речиси во сите министерства и институции – од Македонски шуми до ЕСМ.
