Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Четиригодишното девојче од Струмица во стабилна состојба – зошто социјалните служби постојано портфрлаат?

Хорор случајот со девојчето од Струмица кое во тешка состојба заврши на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хорор случајот со девојчето од Струмица кое во тешка состојба заврши на детската клиника во Скопје ја потресе јавноста и уште еднаш ја отвори дилемата дали и колку социјалните служби функционираат ревносно. Четиригодишното девојче кое неухрането и со скршеници заврши на Детска клиника за среќа е во стабилна состојба, но како и од што ги добила повредите се уште е нејасно. Мајката тврди дека тие биле последица на напад на куче, што засега не може да се потврди. По барање на обвинителството треба да се направат вештачења па потоа да се утврдат причините.

Во меѓувреме, трите малолетни деца од семејството на повреденото девојче ќе бидат сместени во згрижувачко семејство. А со мајката на детето ќе работи стручен тим од Центарот за социјални работи.

“Штом Центарот утврди дека мајката ги има капацитетите да може да се грижи за децата да и бидат вратени, а дотогаш тие ќе бидат згрижени во згрижувачко семејство, каде ќе им бидат обезбедени сите услови за нормално детство на трите малолетни деца, а секако истражните органи ја водат постапката и потоа по утврдување на фактите ќе бидат пртеземени дополнителни мерки од страна на МТСП, односно Центарот за социјална работа”, рече Тренчевска.

Реклама

Дека нема рана детекција за семејно насилство покажува и претходниот случај, каде пред неколку недели поради тешки повреди почина двегодишно дете од Кичево, за кого мајката првично кажуваше дека се последица од игра. Но подоцна првичната истрага на полицијата покажа дека е жртва на семејно насилство за што е осомничен таткото.