Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Случај „Онкологија“:И по 5 месеци од аферата молк – џелатите се уште им гледаат во очи на своите жртви

Иако поминаа цели пет месеци, скандалот “Oнкологија” останува без било каква разрешница.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако поминаа цели пет месеци, скандалот “Oнкологија” останува без било каква разрешница. Докторите, сестрите и медицинскиот персонал кој крадел од лековите на болните од рак се уште си одат нормално на работа. Ниту се знае кој е вмешан, ниту се објавени имињата, ниту пак некој е суспендиран. Со други зборови џелатите уште им гледаат во очи на своите жртви. Иако, предистрагата за морбидниот случај трае со месеци, од обвинителството не соопштуваат ништо.

Но, не е само обвинителството. Во игра е и највисокиот Законодавен дом. Според пратеничката Рашела Мизрахи, спикерот Талат Џафери, кој за некоја недела ќе седне во премиерското столче, намерно ги крие во фиока, материјалите од Анкетната комисија за испитување на неправилностите. Таа тврди дека власта се плаши од одговорност, и затоа бега од доказите.

“Последната информација што ја добив е дека иако ОЈО даде рок од пет дена да се достават материјалите, тие не се доставени. Односно претседателот на собранието Џафери не ги проследил до обвинителстото. Среќна околност е што истите материјали транспрентно беа ставени на бев сајтот на страната на собранието” – кажа Рашела Мизрахи, пратеник.

Реклама

Кој манипулирал со последната надеж на болните и во чии џебови завршувале парите, и на кој начин биле лекувани пацинетите? На овие прашања одговор нема. Онколошките пацинети се повеќе ја губат надежта дека ќе се открие вистината. Разочарани се што со месеци постапката тапка во место.

“Да ме прашавте во септември кога се случи ова со онкологија, ќе ви кажев дека сум надежна.Имав ентузијазам дека сето ова ќе се расчисти, ќе се дознае се…и ние ќе бидеме понасмеани и поведри”  вели Александра Величковска, онколошки пациент.

Онколошките пацинети освен што се разочарани, и се плашат дека следниве месеци може да останат без биолошка терапија. Таква најава им стигнала од Клиниката за онкологија, а за опасноста од недостиг на лекови потврди и директорката Клисаровска. Овие информации многупати ги демантираше  министериот Меџити, тој уверуваше дека таков проблем немало да се случи.