Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Директорот побара, министерот веднаш прифати – ќе се догради ли хирушката Клиника „Св. Наум Охридски“?

Доградба на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е единствениот спас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доградба на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е единствениот спас за македонската хирургија. Директорот Љубен Арсенков јавно со подготвен проект, побара од премиерот и од министерот за здравство да се догради стариот објект. Според планот на директорот, доградбата би била сместена на паркингот пред болницата, а преку топол ходник би се поврзале пет хирушки сали. Арсенков  не гледа друго решение, за да се намали огромниот притисок врз болницата.

“Толку е голема функционалноста на ова ако би го направиле, пет операциони сали со сите светски стандарди е спас за македонската хирургија. Преоптеретени се сите сали, ќе добиеме други простори во болницата, зградата е стара 93 години што и да правиме овде не можеме, секое ќоше го искористивме” – вели директорот на болницата Љубен Арсенков.

Министерот Меџити се согласи со Арсенков дека потребни се промени во болницата, и вети дека  ќе го реализира проектот, ама после изборите.

Реклама

“Сметајте дека ова е завршена работа. Ова ќе биде претставено после изборите на владина седница за овие сали што ги видовме и ги претстави директорот” – кажа министерот Фатмир Меџити.

Дали и како би се обезбедиле пари за доградба на болницата министерот Меџити вели дека „за средства е многу лесно, премиерот бил многу дарежлив“.

Доградбата на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“  е последното, од серијата ветувања на министерот Меџити, во десетте месеци раководење со здравството. Главните приоритети досега, му беа паркингот на Клиничкиот центар, нови клинички центри и реновирање на старите, ажурирање на позитивната листа со нови лекови, вработувања на доктори и медицински сестри, повеќе термини на “Мој термин”, но и лекови за болните од цистична фибриоза и хронични заболувања…нешто исполни, но поголем дел од ветувањата останаа нереализирани.

Ања Лукарова