Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Ќе извисат ли дел од здравствените работници кои со години се ангажирани со договор на дело?

Здравствените работници се плашат дека повторно ќе бидат изиграни од власта. Оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствените работници се плашат дека повторно ќе бидат изиграни од власта. Оние кои досега во здравството работеле со години со договор на дело,сега може да извисат. Се сомневаат дека со најавените 1.117 вработувања ќе се примат и здравствени работници без ниту еден ден искуство, туку благодарение на родниски врски, врски со власта или партиска книшка.

Трајните вработувања во здравството пред Нова година ги најави министерот Меџити, но досега, во ниту една здравствена установа нема објавено конкурс. Но со оглед на та што наскро почнуваат да течат роковите за избори, се очекува пред формирањето на Техниката влада да бидат распишани огласи на кој ќе може да се пријави било кој.

Министерот Меџити не прецизира рокови, но и не гарантира ништо, туку е свесен дека ќе има пропусти, уверува дека менаџерите ќе го направат вистинскиот избор кој ќе добие трајно вработување.

Реклама

Вработувањата во здравството ќе одат според заслуги, секој може да конкурира на огласите, а доколку не е задоволен од процесот може да се жали на комисија изјави денеска министерот за здравство.

Од министертвото информираат дека постапката за прибирање податоци од здравствените установи за тоа колку вработени има под договор на дело и каков кадар недостасува е  почната пред Нова година, а околу 30 проценти од здравствените установи ги комплетирале бараните документи и истите биле процесуирани до Фондот за здравство. Следна институција е министерството за финансии кое треба да обезбеди средства за вработување. Дури потоа се распишуваат огласи, и се бодуваат кандидатите.