Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Здравството во 2023 – „убиствена“ приказна

“Најавите за недостиг на терапија, тоа е тоа што не плаши во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Најавите за недостиг на терапија, тоа е тоа што не плаши во оваа 2024 година дека токму оваа година ќе биде најлошата за онколошките пацинети” вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

По скандалзоната 2023 онколошките пацинети очекуваат уште полоша 2024 година. Со страв неизвесност и се помалку надеж живеат тие, после аферата на онкологија со препродажбата на лекови на грбот на болните, најавите дека ќе има недостиг на биолошка терапија, но и од заминувањето на најдобрите доктори од Клиниката. Прашуваат ќе има ли кој да ги лекува?

Верувате ли дека оваа 2024 година ќе биде подобра? Најискрено не! Ако ме прашавте минатата година во септември можеби ќе ви кажев дека имам надеж” вели Александра Величковска, онколошки пацинет.

Реклама

Одмотувањето на „клопчето“ наречено oнкологија на површина извади бројни сведоштва од пациенти кои се мачеле или се уште се мачат да стигнат до терапија и до прием на клиниката.

За нас онколошките пацинети постојано слушаме само негативни работи, дека морталитетот е зголемен гледаме дека бројот на пацинети е зголемен.Јас не знам каде ни е крајот. Во однос на терапиите сите одиме со страв. Верувајте ние одреден број ќе се снајдеме некако, за еден месец два,три или пет. Но само ние си знаеме како се снаоѓаме,за да најдеш терапија ако недостасува истата. Но има одреден друг број на пацинети, кои што немаат можност  да најдат, ќе чекаат. А чекањето не носи кон трагедии” – кажа Величковска.

Освен, проблеми со терапиите, загрижува и тоа што државното здравство ги губи најдобрите доктори.

Докторот Илир, е мој личен доктор.Ако тој си замине јас немам доверба на ниту една друга врата ако тропнам, а ќе морам.Или ќе треба да се лекувам приватно.Многу е страшно што на прсти се бројат останатите онколози таму.И не доаѓаат нови кадри.Страшно е! изјави таа.

Хоророт на болните со канцер, не завршува тука. Тие секојдневно се соочуваат и со недостиг на термини за потребните испитувања.

И по пет месеци од скандалот на Онкологија кој во септември ја потресе целата јавност, се уште е во рацете на обвинителството и е во предистражна постапка. Немањето информации дали и кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија, онколошките пациенти немаат доверба дека вистината ќе излезе на виделина.

Сите оние кои се здрави имаат милион желби, но ние кои се борат со најстрашната болест, единствено што посакуваат во новата година е да имаат лекови но и добро здравје.

Ања Лукарова