Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Шаќири не попушта, албанска паралелка ќе има во ОУ „Тодор Јанев“ – Чашка

Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта. Нема договор за албанската паралелка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта. Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ – Чашка. Иако учениците ја бојкотираат наставата четири недели и родителите протестираат секојденвно против работењето на директорката на училиштето и за како што велат незаконското воведување на нова паралелка на албански јазик, на Шаќири тоа изгледа не му значи многу. Останува на ставот дека најдоброто за учениците да учат на мајчин јазик.

“Како можам да прифатам кога се однесува за четири ученици кои немаат никаков проблем со никој, јас ги прифаќам сите дискусии, но да прифатам деца да патуваат заради тоа што некој така сака и прави проблем во образовниот процес.Јас тоа не го прифаќам поради тоа што барам решение на проблем кој е долгогодишен” вели министерот Јетон Шеќири.

Министерот иако јавно ги повика родителите да му достават предлог решение, тој не прифати ниту едно.Една од понудените опции кои му беа доставени во кабинетот беше албанската паралелка да се воведе во соседните села Сливник или Бањица каде што мнозинството жители се од албанска националност.

Реклама

Инаку, секојдневните протести на родителите пред училиштето се се’ по тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, и да се вратат ингеренциите на општина Чашка врз училиштето.Само на тој начин ќе се најде решение на проблемот, велат тие.

“Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот, и револтот е токму поради тоа е зголемен.Единствено што во мемоментов, е официјално барање од нас е директорката да се промени.Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остнатите за да се  најде решение” изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Според родителите училиштето Тодор Јанев, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка е “насилно” и незаконски.

Ања Лукарова